Алканијаглеводороди во чија молекула се содржат само единечни ковалентни врски, како меѓу јаглеродните и водородните атоми, така и меѓу самите јаглеродни атоми. Алканите се нарекуваат и заситени јаглеводороди, бидејќи не можат да содржат повеќе водород отколку што веќе содржат во молекулата. Како резултат на тоа што сите атоми во алканите се сврзани со единечни врски, следува дека јаглеродните атоми во нив се sp3 хибридизирани.

Хемиска структура на метанот

Изомерија кај алканите уреди

Алканите не содржат функционални групи, па затоа единствен вид структурна изомерија е изомеријата на низата. Овој тип изомерија започнува од бутанот, кај кој постојат две различни соединенија со молекулска формула C4H10. Се разликуваат нормални и разгранети алкани. Во молекулите на нормалните алкани, јаглеродните атоми се поврзани во една права, континуирана низа, како кај октанот. Оние, пак, алкани во чијашто молекула јаглеродните атоми се поврзани со алкил групи се разгранети алкани. Притоа, јаглеродниот атом кој е поврзан со три или четири други такви атоми е точка на разгранување. Пример за разгранет алкан е изобутанот кој има три јаглеродни атоми во правата (главна) низа и CH3 алкил група.

Друг тип изомерија што постои кај алканите е конформациона стереоизомерија.Овој вид изомерија се јавува поради можноста за ротација на атомите или атомските групи околу единечната врска, а како резултат на тоа тие заземаат различни положби едни во однос на други во просторот.На пример, водродните атоми зврзани на различните јаглеродни атоми во етенот можат да се најдат еден зад друг, или пак дијагонално еден во однос на друг.

И нормалните, а и разгранетите алкани имаат општа молекулска формула CnH2n+2. Средните јаглеродни атоми кај алканите се поврзани со најмалку 2 водородни атоми, што го објаснува 2n од претходниот израз. Крајните јаглеродни атоми кај алканите се поврзани со уште еден водороден атом, па затоа и +2 во изразот.

Хомолошката низа на алканите составени од еден до десет јаглеродни атоми е следната:

Табела на алкани уреди

АлканФормулаТочка на вриење[б 1]
[°C]
Точка на топење[б 1]
[°C]
Густина[б 1]
[кг/м3] (при 20 °C)
Изомери[б 2]
МетанCH4−162−1820,656 (гас)1
ЕтанC2H6−89−1831,26 (гас)1
ПропанC3H8−42−1882,01 (гас)1
БутанC4H100−1382,48 (гас)2
ПентанC5H1236−130626 (течен)3
ХексанC6H1469−95659 (течен)5
ХептанC7H1698−91684 (течен)9
ОктанC8H18126−57703 (течен)18
НонанC9H20151−54718 (течен)35
ДеканC10H22174−30730 (течен)75
УндеканC11H24196−26740 (течен)159
ДодеканC12H26216−10749 (течен)355
ТридеканC13H28235−5,4756 (течен)802
ТетрадеканC14H302535,9763 (течен)1858
ПентадеканC15H3227010769 (течен)4347
ХексадеканC16H3428718773 (течен)10.359
ХептадеканC17H3630322777 (цврст)24.894
ОктадеканC18H3831728781 (цврст)60.523
НонадеканC19H4033032785 (цврст)148,284
ИкозанC20H4234337789 (цврст)366.319
ТриаконтанC30H6245066810 (цврст)4.111.846.763
ТетраконтанC40H8252582817 (цврст)62.481.801.147.341
ПентаконтанC50H10257591824 (цврст)1.117.743.651.746.953.270
ХексаконтанC60H122625100829 (цврст)2,21587345357704×1022
ХептаконтанC70H142653109869 (цврст)4,71484798515330×1026
  1. 1,0 1,1 1,2 Физички својства на праволанчениот изомер
  2. Вкупен број на стуктурни изомери за оваа молекуларна формула

Физички својства уреди

Сите алкани се безбојни.[1][2] Алканите со најмала молекулска тежина се гасови, оние со средна се во течна, а тие со поголема молекулска тежина се во цврста агрегатна состојба.[3][4]

Добивање на алканите уреди

Постојат повеќе начини за добивање на алканите. Некој од нив се наведени подолу:

  • Хидрогенизација (адиција на водород) на незаситени јаглеводороди
  • Вирцова синтеза — реакција меѓу алкил и халоген (RX) и натриум,
  • Грињаров реагенс — алкил-магнезиумови халогениди (RMgX). Тие лесно хидролизираат на алан и магнезиум хдроксид халогенид.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 29 October 2013. Посетено на 17 February 2014.
  2. „13. Hydrocarbons | Textbooks“. textbook.s-anand.net. Архивирано од изворникот на 8 May 2011. Посетено на 3 October 2014.
  3. „Molecule Gallery - Alkanes“. www.angelo.edu. Архивирано од изворникот на 2022-03-19. Посетено на 2021-12-06.
  4. Allaby, Michael, уред. (1988). „Alkanes (paraffins)“. Illustrated Dictionary of Science, Andromeda. Windmill Books (Andromeda International). Архивирано од изворникот на 2023-12-11. Посетено на 2021-12-07.