Административна поделба на Ерменија

Ерменија е поделена на 11 административни единици, од кои 10 се покраини (մարզեր марзер, еднина: մարզ марз) и Ереван, кој има посебен статус како главен град на земјата.

Секоја покраина има свој управник (марзпет) назначен од владата. На чело на Ереван стои градоначалникот, кој е назначен од претседателот.

Покраините понатаму се делат на општини.

Покраини уреди

Следува список на покраините со бројот на населението, површината која ја зафаќаат и густината на населеност.[1]. Во површината на покраината Гехаркуник е вброено и езерото Севан.

ПокраинаНаселение
(2011)
%Површина
(км2)
Густина
(жит./км2)
Градски
општини
Селски
општини
Админ. центар
Арагацотн132.9254,4%2.756483111Аштарак
Арарат260.3678.6%2.090125493Арташат
Армавир265.7708,8%1.242214394Армавир
Вајоц Ѕор52.3241,7%2.30823341Ехегнаѕор
Гехаркуник235.0757,8%5.34944587Гавар
Ереван1.060.13835,1%2234.7541
Котајк254.3978,4%2.086122760Храздан
Лори235.5377,8%3.799628105Ванаѕор
Сјуник141.7714,7%4.506327102Капан
Тавуш128.6094,3%2.70448557Иџеван
Ширак251.9418,3%2.680943116Ѓумри

Општини уреди

Секоја покраина е составена од општини. Секоја општина има своја самоуправа и опфаќа едно или повеќе населени места, кои можат да бидат градски или селски. Во 2007 г. Ерменија имала 915 општини, од кои 49 градски и 866 селски. Статус на општина има и главниот град Ереван.[2] Покрај тоа, Ереван е поделен и на полуавтономни реони.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Покраини: површина, население и густина — Национална статистичка служба на Ерменија
  2. „Органи на покраинската управа“. Влада на Република Ерменија. Архивирано од изворникот 2008-04-20. Посетено на 2008-09-11.

Надворешни врски уреди