Список на острови во Македонија
Ова е список на островите во Република Македонија. Бидејќи Македонија е обиколена со копно, сите острови се или езерски или речни. Најголем остров е Голем Град во Преспанското Езеро, со површина од 0,18 км². Тој е воедно и единствениот македонски остров во природно езеро — останатите езерски острови се наоѓаат во вештачки акумулации и некогаш биле возвишенија на копно. На списокот се вбројани само трајни острови (чие присуство не зависи од водостојот), потврдени како обележани на физички карти или со изграден објект на нив.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/19/Prespa-ostrov.jpg/250px-Prespa-ostrov.jpg)
Според најновите стручни истражувања, во земјата има 13 острови кои ја задоволуваат формалната дефиниција (копно од барем 1 хектар, обиколено со вода),[1] но речни острови има околу 50 и уште низа помали езерски островчиња во акумулации.
Езерски острови
уредиДебарско Езеро
уреди- Голем Дебарски Остров и Мал Дебарски Остров (непостојан) (41°27′43.73″N 20°31′58.49″E / 41.4621472° СГШ; 20.5329139° ИГД)
Калиманско Езеро
уреди- Калата (лете полуостров, зиме остров)[2][3] (41°59′6.03″N 22°35′25.85″E / 41.9850083° СГШ; 22.5905139° ИГД) — место на некогашна тврдина
Преспанско Езеро
уреди- Голем Град (Змиски Остров) (40°52′N 20°59′E / 40.867° СГШ; 20.983° ИГД)
Тиквешко Езеро
уреди- Градиште[4] (41°23′12.82″N 21°57′6.57″E / 41.3868944° СГШ; 21.9518250° ИГД) — археолошко наоѓалиште, некогашна тврдина
- Брушани во атарот на с. Брушани[5] (41°23′52.29″N 21°57′6.67″E / 41.3978583° СГШ; 21.9518528° ИГД)
- Драдња во атарот на с. Драдња (непостојан) [6] (41°23′37.8″N 21°56′34.2″E / 41.393833° СГШ; 21.942833° ИГД)
- Клиновски остров кај одливот на езерото во р. Блаштица.[7][8] (41°16′4.78″N 21°56′57.39″E / 41.2679944° СГШ; 21.9492750° ИГД)
Селемлиско Езеро
уреди- неименувано островче (41°8′32.4″N 22°36′47.9″E / 41.142333° СГШ; 22.613306° ИГД)
Речни острови
уредиРечните острови се среќаваат во разни реки.
- Јаниташ, Велес[9]
- Улански Остров кај с. Уланци, Велешко
- Адата и други во Општина Валандово. (41°11′46″N 22°32′14″E / 41.19611° СГШ; 22.53722° ИГД)
- Демиркаписки Остров кај с. Кошарка, Демиркаписко
- Удово — најголемиот речен остров во земјата и втор по големина воопшто
- Уланци
- Тремник
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Македонија има 13 „вистински" острови!“. портал ИГЕО. 13 октомври 2014. Посетено на 18 мај 2015.
- ↑ Какви тајни крие Калата во Калиманци
- ↑ Брегалнички регион: Калиманско Езеро Архивирано на 16 април 2017 г. — Македонски бисер
- ↑ Статија за островите во Македонија — географски портал „ИГЕО“
- ↑ Брушани на сателитка снимка — ВикиМапија
- ↑ Остров во атарот на с. Драдња — ВикиМапија
- ↑ Топокарта на подрачјето на Кавадарци и околината во размер 1:25000 Архивирано на 13 февруари 2015 г. (23,6 МБ)
- ↑ Остров кај одливот на р. Блаштица — ВикиМапија
- ↑ http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=1514680
Наводи
уреди- За островите во Република Македонија — статија во „Географски разгледи“ од Ивица Милевски
- Слики од островите во Македонија