Македонски парламентарни избори (2008)

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година, по изгласувањето и распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.

Македонски парламентарни избори, 2008
Македонија
2006 ←
1 јуни 2008→ 2011

120 мандати во Собранието
61 места за мнозинство
Регистрирани1.779.116
Излезност57.06% 1,08%
 Прва партијаВтора партијаТрета партија
 
ВодачНикола ГруевскиРадмила ШеќеринскаАли Ахмети
ПартијаВМРО-ДПМНЕСДСМДУИ
Последни избори45 мандати32 мандати17
Освоени места632718
Промена во местата 18 5 1
Добиени гласови481.501233.284126.522
Удел48,78%23,64%12,82%

 Четврта партија
 
ВодачМендух Тачи
ПартијаДПА
Последни избори11
Освоени места11
Промена во местата
Добиени гласови81.557
Удел8,26

Премиер пред изборите

Никола Груевски
ВМРО-ДПМНЕ

Избран за Премиер

Никола Груевски
ВМРО-ДПМНЕ

Идејата за предвремените парламентарни избори во Република Македонија дошла веднаш по самитот на НАТО кој се одржал во Букурешт 2008 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците, додека опозициските СДСМ и ЛДП гласале против.

На изборите победи коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ. Во Собранието влегоа 17 политички партии, од кои 10 со само еден пратеник.

На 26 јули 2008 година е изгласана новата влада, составена од министри од ВМРО ДПМНЕ, од коалициските партнери во коалицијата За подобра Македонија и од ДУИ, како партија со најголема поддршка кај албанскиот електорат.

Правни прописи уреди

  • Гласачките места биле отворени од 07:00 до 19:00 часот.
  • Биле избирани 120 пратеници по пропорционален метод. Резултатите биле пресметувани по Донтова формула.
  • Од 6 изборни единици биле избирани по 20 пратеници.
  • Биле запишани 1.779.116 избирачи во избирачкиот список, или 37.667 повеќе во однос на 2006 година.
  • Имало 1.540 кандидати за пратеници.

Учесници на изборите уреди

Поднесени биле 18 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи. Севкупно, на изборите учествувале 41 партија. Од нив, 14 настапиле самостојно, а 27 во коалициите За подобра Македонија и СОНЦЕ. Коалиција за Европа.

  1. Коалиција За подобра Македонија (ВМРО ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Турците на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, ВМРО - Македонска, Обединета Партија за Еманципација, Партија на Правдата, Странка на Демократска Акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за Интеграција на Ромите, Народно Движење за Македонија, Бошњачка Демократска Партија, Партија на Зелените, Демократска Унија на Ромите, Работничко Земјоделска Партија на Р Македонија, Партија за Целосна Еманципација на Ромите).
  2. СОНЦЕ. Коалиција за Европа (Социјалдемократски сојуз на Македонија, Нова социјалдемократска партија, Либерално демократска партија, Либерална партија на Македонија, Нова Алтернатива, Зелена Партија на Македонија, Партија на пензионерите на Р Македонија, Демократски Сојуз на Власите од Македонија)
  3. Демократска унија за интеграција
  4. Демократска партија на Албанците
  5. Партија за европска иднина
  6. Партија за демократски просперитет
  7. Демократска унија на Албанците
  8. Социјалдемократска партија на Македонија
  9. Партија на слободни демократи
  10. Радикална странка на Србите во Македонија
  11. ТМОРО-ВЕП
  12. Движење за национално единство на Турците
  13. Сојуз на Титови леви сили
  14. ВМРО – Демократска партија
  15. ТМРО
  16. Национална демократска унија
  17. Група избирачи Панчо Минов
  18. Група избирачи Пецо Грујовски

Текот на кампањите на политичките партии уреди

Според анкетите спроведени од 11 април до 15 април од вкупно 1.108 граѓани на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ имала рејтинг од 29%, наспроти СДСМ со 11%, ДУИ со 10% и ДПА со 7%.

Изборни резултати уреди

Политички партии и коалицииГласови%+/-Мандати%+/-
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.)481.50148,78+14,436352,517
СОНЦЕ. Коалиција за Европа (СДСМ и др.)233.28423,64-5,712722,512
Демократска унија за интеграција126.52212,82+0,701815,01
Демократска партија на Албанците81.5578,26+0,76119,2
Партија за европска иднина14.4741,47+0,2710,8
Партија за демократски просперитет7.2130,73ДУИ003
Демократска унија на Албанците6.4840,66+0,22
Социјалдемократска партија на Македонија6.4060,65-0,19
Партија на слободни демократи4.3620,44+0,44
Радикална странка на Србите во Македонија4.3260,44+0,29
ТМОРО-ВЕП4.3170,44+0,36
Движење за национално единство на Турците3.7820,38+0,31
Сојуз на Титови леви сили3.7580,38+0,05
Група избирачи Панчо Минов2.7440,28-0,36
ВМРО – Демократска партија2.3350,24+0,11
ТМРО1.8560,19+0,02
Национална демократска унија1.6510,17-0,29
Група избирачи Пецо Грујовски4490,05+0,05
Вкупен одзив 57,06%1.015.164100.0-11,46120100.0
Извор: Државна изборна комисија[мртва врска] Собрание на Република Македонија

Освоени мандати по политички партии уреди

Распределбата на мандатите по партии е следната:

Партија/коалицијаМандати+/-
Коалиција За подобра МакедонијаВМРО ДПМНЕ5315
Социјалистичка партија на Македонија3
Демократски сојуз1
Демократска обнова на Македонија1
Демократска партија на Турците на Македонија11
Демократска партија на Србите во Македонија1
Обединета Партија на Ромите на Македонија1
ВМРО - Македонска11
Странка на Демократска Акција на Македонија11
СОНЦЕ. Коалиција за ЕвропаСоцијалдемократски сојуз на Македонија185
Либерално демократска партија41
Нова социјалдемократска партија34
Либерална Партија на Македонија11
Нова Алтернатива11
Демократска унија за интеграција181
Демократска партија на Албанците11
Партија за европска иднина1
Вкупно120

Освоени мандати по изборни единици уреди

Резултати по изборни единици
Изборна единицаВМРО-ДПМНЕСДСМДУИДПАПЕИ
Гласови%Гласови%Гласови%Гласови%Гласови%
ИЕ 185,80549.86%41,67924.22%23,22913.50%11,4136.63%1,9371.13%
ИЕ 276,62748.44%27,69317.51%28,88518.26%13,8788.77%6610.42%
ИЕ 3112,15565.35%51,41829.96%2,7101.58%5540.32%
ИЕ 4106,66059.95%61,98134.84%2,3551.32%
ИЕ 577,36649.74%39,10925.14%15,3619.88%9,8886.36%7,6694.93%
ИЕ 622,88815.09%11,4047.52%56,33737.15%45,82430.22%1,8521.22%
Вкупно481,50138.98233,28423.64126,52212.8281,5578.2614,4741.47
Извор: ДИК


Освоените мандати по изборни единици се следните:[1]

Изборна единицаВМРО-ДПМНЕСДСМДУИДПАПЕИВкупно
ИЕ 111531020
ИЕ 211342020
ИЕ 314600020
ИЕ 413700020
ИЕ 511521120
ИЕ 63197020
Вкупно632718111120
Извор: ДИК[2]

Наводи уреди

  1. Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2008-2011, 11 стр.
  2. https://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/Konecni.pdf

Надворешни врски уреди