Македонски парламентарни избори (2006)

Парламентарните избори 2006 година се одржани на 5 јули 2006 година, кој беше прв термин за редовни избори. Изборите се одржаа според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици, исто како и парламентарните избори во 2002 година. На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која подоцна и формира влада.

Македонски парламентарни избори, 2006
Македонија
2002 ←
5 јули 2006→ 2008

120 мандати во Собранието
61 места за мнозинство
Регистрирани1.741.449
Излезност55.98%
 Прва партијаВтора партијаТрета партија
 
ВодачНикола ГруевскиВладо БучковскиАли Ахмети
ПартијаВМРО-ДПМНЕСДСМДУИ
Последни избори33 мандати60 мандати16 мандати
Освоени места453217
Промена во местата 12 28 1
Добиени гласови303.543218.164113.522
Удел32,5%23,3%12,12%

 Четврта партијаПетта партијаШеста партија
 
ВодачАрбен ЏафериТито ПетковскиЉупчо Георгиевски
ПартијаДПАНСДПВМРО-НП
Последни избори7--
Освоени места1176
Промена во местата 4 7 6
Добиени гласови70.26156.62457.077
Удел7,50%6,04%6,09%

Премиер пред изборите

Владо Бучковски
СДСМ

Избран за Премиер

Никола Груевски
ВМРО-ДПМНЕ

По изборите, мандатот за формирање на нова влада му беше даден на водачот на победничката партија Никола Груевски, кој на 28 август беше избран за премиер на владата. Во составот на владата влегоа претставници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП. Владата ја поддржаа и ДОМ и ПЕИ, кои сепак не добија министерски места. ВМРО-НП гласаше за владата, но не учествува во владината коалиција.

Учесници на изборите уреди

За учество на изборите се пријавија 33 кандидатски листи, од кои 31 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи.

Поголеми партии (и коалиции предводени од нив) што учествуваа на изборите се:

Од помалите политички партии и коалиции на изборите учествуваа:

Кандидатска листа од група избирачи беше пријавена во четвртата изборна единица, предводена од Панчо Минов, и во петтата, предводена од Ќирчо Ташков.

Гласачки одзив уреди

Гласачкиот одзив беше 56,0% што е убедливо најнизок процент на гласачи на досегашните парламентарни избори. На овие избори излегоа цели 17% помалку гласачи во однос на претходните парламентарни избори. Драстичниот пад на гласачкиот одзив во голема мера се должи на разочараноста на македонските граѓани од политичките партии и нивниот капацитет да ја извлечат земјата од кризата, но во одредена мера се должи и на фактот што изборите и предизборната кампања се одвиваше во текот на Светското првенство во фудбал. Дека и тоа имало влијание покажуваат и парламентарните избори во Словачка, кои исто така се одржаа во текот на Светското првенство и каде се забележа сличен пад на гласачкиот одзив, од 70,0% на 54,7%.

Изборни резултати уреди

На изборите победи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 45 пратенички мандати. Следи коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ со 32 мандати, коалицијата ДУИ-ПДП освои 17, ДПА - 11 мандати, Нова социјалдемократска партија 7, ВМРО-Народна партија 6, Демократска обнова на Македонија 1 и Партијата за европска иднина 1 мандат.

Политички партии и коалицииГласови%+/-Мандати%+/-
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.)304.57232,50+3,474537,512
За Македонија заедно (СДСМ и др.)218.46323,31-18,273226,728
ДУИ, ПДП и ДЛБ113.52212,12-2,311714,21
Демократска партија на Албанците70.2617,50+2,15119,24
ВМРО-Народна партија57.0776,09+6,0965,06
Нова социјалдемократска партија56.6246,04+6,0475,87
Демократска обнова на Македонија17.3641,85+1,8510,81
Партија за економска обнова12.7181,36+1,36
Земјоделска народна партија на Македонија12.6281,35+1,35
Партија за европска иднина11.2551,20+1,2010,81
Демократска алтернатива11.0671,18-0,28
Социјалдемократска партија на Македонија8.2260,88+0,59
Група избирачи Панчо Минов6.0080,64+0,64
Национално демократска партија4.3250,46-1,751
Нови демократски сили и Демократска Алијанса на Албанците4.1170,44
Национална Алтернатива3.3250,35
Сојуз на титови леви сили3.0710,33
Демократско-републиканска унија на Македонија2.7450,29
Лига за демократија2.6630,28
Македонска алијанса2.3110,25
Останати10.7471,10
Вкупен одзив 55,98%974.891100120100
Извор: Државна изборна комисија[мртва врска] Собрание на Република Македонија

Освоени мандати по политички партии уреди

Распределбата на мандатите по партии е следната:

Партија/коалицијаМандати+/-
Коалиција За подобра МакедонијаВМРО ДПМНЕ3810
Социјалистичка партија на Македонија32
Либерална партија на Македонија23
Демократски сојуз11
Сојуз на Ромите од Македонија11
За Македонија заедноСоцијалдемократски сојуз на Македонија2326
Либерално демократска партија56
Демократска партија на Турците22
Обединета партија на Ромите11
Демократска партија на Србите11
ДУИ, ПДП, ДЛБДемократска унија за интеграција142
Партија за демократски просперитет31
Демократска партија на Албанците114
ВМРО-Народна партија66
Нова социјалдемократска партија77
Демократска обнова на Македонија11
Партија за европска иднина11
Вкупно120

Освоени мандати по изборни единици уреди

Резултати по изборни единици уреди

Резултати по изборни единици
Изборна единицаВМРО-ДПМНЕСДСМДУИДПАНСДПВМРО-НПДОМПЕИ
Гласови%Гласови%Гласови%Гласови%Гласови%Гласови%Гласови%Гласови%
ИЕ 148,17031.15%34,68822.43%16,77910.85%13,1268.49%12,5498.11%7,4064.79%6,8004.40%5640.36%
ИЕ 239,54327.06%29,01219.85%19,46913.32%12,5008.55%10,8877.45%9,0446.19%3,4412.35%
ИЕ 370,20241.75%47,06327.99%2,7061.61%6660.40%12,3387.34%15,3119.11%2,7421.63%
ИЕ 479,65644.89%57,23032.25%7,4044.17%11,6236.55%2,4801.40%7500.42%
ИЕ 555,65736.63%37,41224.62%13,4248.84%7,5614.98%9,0715.97%10,9977.24%1,9011.25%6,4594.25%
ИЕ 611,3448.18%13,0589.42%61,14444.09%36,40826.25%4,3753.15%2,6961.94%3,4822.51%
Вкупно304,57238.14218,46323.31113,52212.1270,2617.5056,6246.0457,0776.0917,3641.8511,2551.20
Извор: ДИК

Освоените мандати по изборни единици се следните:[1]

Изборна единицаВМРО-ДПМНЕСДСМДУИ/ПДПДПАНСДПВМРО-НПДОМПЕИВкупно
ИЕ 17522211020
ИЕ 27532210020
ИЕ 310700120020
ИЕ 411700110020
ИЕ 58621110120
ИЕ 622106000020
Вкупно453217117611120
Извор: ДИК[2]

Наводи уреди

  1. Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2006-2008, 4 стр.
  2. https://drive.google.com/file/d/1d_ByEudB7wgYvRnJRyOD67_TXGRJud7V/view

Надворешни врски уреди