30 април (настани)

шаблон на Викимедија
1900 Хаваи станале составен дел на САД.
1916 Летното сметање на времето за првпат во светот се применува во Обединетото Кралство.
1944 Во селото Стајовце, Кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание.
1975 Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам.
1992 Во Скопје, редакцијата на весникот „Нова Македонија“ и новинската агенцијата Франс-Прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на општите услуги на агенцијата.
2013 Крунисан холандскиот крал Вилем-Александар, по абдикацијата на неговата мајка, кралицата Беатриса.