25 мај (настани)

шаблон на Викимедија
1810 Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година.
1850 Во лондонската зоолошка градина пристигна Обајш, првиот нилски коњ донесен во Европа.
1895 Британскиот писател Оскар Вајлд е осуден на две години затвор поради хомосексуалност.
1911 Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата.
1946 Парламентот на Трансјорданија го прогласува емирот Абдула I за крал.
1958 Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали „Силика“.
1963 Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство.
1967 Селтик“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал, победувајќи го во финалето „Интер“ од Милано.
1977 Ливерпул“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал.
1979 Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинаа 272 патници и членови на екипажот.
1985 Во Бангладеш, од тропски циклон загинуваат околу 100.000 жители
1985 Српската академија на науките и уметностите одлучува да создаде меморандум за политичката, економската, и културната положба на српскиот народ во СФРЈ.
1988 ПСВ Ајндховен“ го освоил Купот на европските шампиони во фудбал.
1997 Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви.
2002 Авионаска несреќа на кинески авион во Тајван. Загинуваат 225 патници.
2002 Никола Груевски станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
2005 Ливерпул“ победил во Лигата на шампионите во фудбал, победувајќи го во финалето тимот на „Милан“.
2013 Тимот на Баерн Минхен ја освоил Лигата на шампионите.
🔥 Top keywords: