21 октомври

датум
<<октомври>>
НПВСЧПС
0102030405
06070809101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
2024

21 октомври — 294-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(295-и во престапна година).Остануваат 71 денови до крајот на годината.

Настани:

1805 Во Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Хорацио Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години.
1824 Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Англија, го патентирал портландскиот цемент.
1941 Втора светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.
1967 Над 100.000 демонстранти протестирале против Виетнамската војна во Вашингтон, САД. 683 лица биле уапсени поради судири со полицијата.
1995 По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.
1997 Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора.
2010 Усвоено новото знаме на Мјанмар (Бурма).

Родени:

1833 Алфред Нобел — шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец
1917 Дизи Гилеспи — американски џез-музичар.
1919 Димче Јанкомакедонски копаничар од Охрид.
1933 Франциско Генто — шпански фудбалер.
1942 Елвин Бишопамерикански блуз-музичар.
1942 Кристофер Симс — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1945 Никита Михалков — руски филмски режисер и глумец.
1955 Френк Херш — американски џез-музичар
1956 Андро Кнего — хрватски и југословенски кошаркар.
1957 Џулиен Коуп — англиски рок-музичар.
1967 Пол Инс — англиски фудбалер.
1981 Немања Видиќ — српски фудбалер.
1987 Георги Братоев — бугарски одбојкар.
1987 Валентин Братоев — бугарски одбојкар.
1990 Рики Рубио — шпански кошаркар.
1995 Јулимар Рохас — венецуелска атлетичарка.

Починале:

1494 Џан Галеацо Сфорца — војвода од Милано.
1641 Хорацие Мажибрадиќ — хрватски поет.
1927 Бора Станковиќ — српски писател.
1931 Артур Шницлер — австриски писател.
1969 Џек Керуакамерикански писател, претставник на таканаречената „бит-генерација
1984 Франсоа Трифо — француски филмски режисер.
2003 Елиот Смитамерикански рок музичар.
2022 Масато Кудо — јапонски фудбалер.
2023 Боби Чарлтон — англиски фудбалер.