21 мај (настани)

шаблон на Викимедија
996 Шеснаесетгодишниот Отон III е прогласен за Свет римски цар.
1871 Француската војска ги нападнала бунтовниците на Париската комуна и ги совладала по еднонеделни улични борби во Париз. Околу 30.000 комунари биле убиени.
1881 Основан е Американскиот Црвен крст од страна на Клара Бартон.
1904 Во Париз, основана е меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА.
1927 Американскиот пилот Чарлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет.
1932 Прво прелетување на Атлантикот од страна на жена. (Амелија Ерхарт, која поради лошо време слетала во Ирска)
1945 Венчавка на американските глумци Хемфри Богарт и Лорен Бекол.
1956 Американците ја пуштиле нивната прва водородна бомба во Тихиот Океан.
1992 Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.
2003 Катастрофален земјотрес го погодува северен Алжир, убивајќи повеќе од 2,000 лица.
2006 На референдум во Црна Гора граѓаните се изјаснуваат за независност од сојузната држава Србија и Црна Гора.