18 мај (настани)

шаблон на Викимедија
1925 Извршен е масакр во пиринското село Дабница врз месното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов.
1954 Стапи во сила Европската конвенција за човекови права.
1974 Индија изврши прва јадрена проба во пустината во Раџастан, со што стана шеста држава која изврши јадрен тест.
1977 Во Москва за време на Дванаесеттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е прогласен за Меѓународен ден на музеите.
1980 Стотици илјади луѓе ја презедоа контролата над јужнокорејскиот град Квангџу, по немирите во кои единиците на воената хунта убија најмалку двесте продемократски демонстранти.