12 јануари

датум
<<јануари>>
НПВСЧПС
010203040506
07080910111213
14151617181920
21222324252627
28293031
2024

12 јануари — 12-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 353 денови до крајот на годината (354 во престапна).

Настани:

1915 Претседателскиот дом на САД го отфрли предлогот жените да добијат право на глас.
1945 Втора светска војна: Во текот на жестоките борби на Ардените, Сојузничките сили тргнале во голема офанзива против Третиот Рајх. Брзо ја пробиле непријателската одбрана во длабочина од 150 километри, а на 3 февруари првите тенкови стасале до Кистрин и Франкфурт.

Родени:

1746 Јохан Хајнрих Песталоци — швајцарски педагог и реформатор.
1876 Џек Лондон — американски писател и социјалист.
1893 Херман Геринг — член на водството на германската Националсоцијалистичката партија.
1903 Игор Курчатов — советски јадрен физичар.
1906 Сергеј Корољов — советски ракетен инженер.
1944 Џо Фрејзер — американски боксер.
1949 Отмар Хицфилд — германски фудбалер и тренер.
1951 Крис Бел — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star).
1956 Николај Носков — руски рок-музичар
1959 Бликса Баргелд — германски рок-музичар.
1969 Роберт Просинечки — хрватски фудбалер и тренер.
1969 Реквон — американски рапер.
1970 Зак де ла Роча — американски музичар, член на рап-метал групата Рејџ агеинст д машин (Rage Against the Machine).
1973 Ибрахим Ба — француски фудбалер.
1980 Роберто Гарсија Парондо — шпански ракометар и тренер.
1989 Аксел Вицел — белгиски фудбалер.
1994 Емре Џан — германски фудбалер.
1998 Хуан Фојт — аргентински фудбалер.

Починале:

1972 Франтишек Чап — чешки режисер.
1987 Анатолиј Ефрос — советски режисер.
1995 Климе Савин — македонски пливачки маратонец и спортски работник.