Цимерот на татко ми (1990)
„Цимерот на татко ми“ (1990 година) е книга за деца од Мајкл Вилхојт. Таа е објавена од „Алисон Букс“ во 1990 година.[1] „Цимерот на татко ми“ е една од првите детски книги која ја дискутира хомосексуалноста. Приказната раскажува за едно момче чиј татко по разводот живее со неговиот животен сопатник. Поради ваквата тематика, „Цимерот на татко ми“ е вклучена како лектира во многу образовни програми и е наградена со книжевната награда „Ламбда“ во 1991 година.[2]
Поради контроверзната тематиката на книгата и нејзината намена како детска книга, постоеја бројни обиди таа да биде отстранета од училиштата и библиотеките.[3]
Наводи
уреди- ↑ Willhoite, Michael (2000). Daddy's roommate. Los Angeles, Calif. : Alyson Wonderland.
- ↑ „3rd Annual Lambda Literary Awards | Lambda Literary“ (англиски). Посетено на 2020-05-27.
- ↑ admin (2013-03-26). „100 most frequently challenged books: 1990–1999“. Advocacy, Legislation & Issues (англиски). Посетено на 2020-05-27.
🔥 Top keywords: Главна страницаГрузијаДуховденЗадушницаСписок на змии во МакедонијаКарлес ПуџдемонСпецијална:БарајМакедонијаРелигија во ГрузијаЕвропско првенство во фудбал 2024МРТ собраниски каналОче нашХристијан МицкоскиПоскокСкопјеНикола ГруевскиВтора светска војнаКристијано РоналдоСмоковиСвето ТројствоХороскопски знациМакедонски парламентарни избори (2024)ШаркаЦрвулевоЗмијаЧешкаЖдрепка (змија)Остроглава шаркаДлабочелен смокАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаМочуриштеСписок на градови во МакедонијаОхридско ЕзероБелгијаСтрептококен фарингитисЛетоХрватски месециСпецијална:СкорешниПромениСончаница