Озборувачка (ТВ серија)

Озборувачка (англиски: Gossip Girl) е американска драмска телевизиска серија заснована на истоимениот серијал од книги напишан од Сесили вон Зиџезар. Серијата е направена од страна на Џош Шварц и Стефани Саваџ и за првпат почнала да се прикажува на 19. септември, 2007 година, додека пак нејзината последна епизода од нејзината последна шеста сезона е прикажана на 17. декември, 2012 година.

Озворувачка
Gossip Girl
Озборувачка насловното лого
Развиена одЏош Шварц
Стефани Саваџ
УлогиБлејк Лајвли
Лејтон Мистер
Пен Беџли
Чејс Крафорд
Тејлор Мамсен
Ед Вествик
Џесика Сзор
Кели Ратерфорд
Метју Сетл
РаскажувачКристен Бел
Воведна темаTranscenders
Композитор(и)Transcenders
Земја на потеклоСАД
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди121 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)Џош Шварц
Стефани Саваџ
Боб Леви
Лесли Морџенстин
Џон Стивенс
Прикажување
Првична мрежаThe CW
Првично прикажување19 септември 2007 – 17 декември 2012 година
Надворешни врски
Мрежна страницаgossipgirlfullepisode.com

Дејството во серија се врти околу животите на неколку богати тинејџери од приватно елитно училиште во Њујорк. Нивните животи ги следи гласот на интернет-блогерката „Озборувачка“ (Кристен Бел), која навидум знае сè што се случува во нивните животи. Серијата започнува со враќањето на Серена Ван Дер Вудсен (Блејк Лајвли) која од таинствена причина се преселила во Конектикат. Блер Валдорф (Лејтон Мистер), која е претставена како кралица на популарноста во училиштето е нејзина долгогодишна пријателка, а сега ривалка на Серена. Приказната исто така го следи и животот на Чак Бас (Ед Вествик), „маалското“ лошо момче, Нејт Арчибалд (Чејс Крафорд), најдобриот пријател на Чак и Ден Хамфри (Пен Беџли), најсиромашниот во групата и ново момче на Серена. Првите три сезони, во голема мера ги следат животите на Ванеса Абрамс (Џесика Сзор), поранешна пријателка на Ден и неговата амбициозна сестра Џени (Тејлор Мамсен).

Серијата, иако наменета за помладата публика доживува огромна популарност и комерцијален успех и останува позната по луксузните сцени, високата мода, гламурозната музика и кариерните почетоци на неколкумина од глумците. Во 2021, речиси десет години по емитувањето на серијата, се емитува нова верзија, овој пат во продуција на HBO Max, која истовремено служи како продолжение и како осовременета верзија на оригиналот.

Епизоди уреди

Секоја епизода започнува со блог страница на Озборувачката со сликата на Серена. Потоа се покажуваат повеќе настани и повторно се враќа истата блог страница меѓутоа овојпат на неа има слика од некој друг карактер и коментар во врска со некоја случка.Раскажувачот е секогаш Озборувачката чиј глас го исполнува Кристен Бел. Таа секогаш ја започнува епизодата со реченицата "Озборувачката тука, вашиот единствен и најдобар извор за скандалозните животи на елитата на Менхетн" и обично ја завршува епизодата со "Знаете дека ме сакате, ХоХо, Озборувачка."

Сезони уреди

Озборувачка брои 121 епизода, распространите низ 6 сезони.

Првата сезона има вкупно 18 епизоди, а втората сезона има 25 епизоди. Третата и четвртата сезона имаат по 22 епизоди. Петтата сезона има 24 епизоди, додека пак шестата, воедно и последна сезона од овој серијал има само 10 епизоди.

СезонаЕпизодиПрво прикажувањеПоследно прикажувањеГледаност во милиони
11819 Септември 200719 Мај 20082.6
2251 Септември 200818 Мај 20092.8
32214 Септември 200917 Мај 20102.0
42213 Септември 201016 Мај 20111.6
52416 Септември 201114 Мај 20121.2
6108 Октомври 201217 Декември 20120.9

Локации на снимање уреди

Телевизиската серија - Озборувачка поради својата огромна популарност која што ја стекна при емитувањето на своите вкупно шест сезони, беше причината поради која оваа телевизиска серија се снимаше на повеќе локации на повеќе континенти. За почеток главното дејство во оваа телевизиска серија се одвива во Њујорк, поточно во Менхетен и Бруклин. Но на големо изненадување на обожавателите, дел од четвртата сезона од - Озборувачка беше снимана и во Париз, Франција. Првите неколку епизоди од петтата сезона, беа снимани во Лос Анџелес, Калифорнија.

Надворешни врски уреди