Комитет на региони

Комитетот на регионите е советодавно тело на Европската Унија коешто се состои од претставници од регионалните и од локалните власти на земјите членки. Ги артикулира интересите на регионите на европско ниво. Има ист број членови по земја како и Економско-социјалниот комитет. Во однос на проширувањето, бројот на членовите е ограничен на 350. Договорот од Ница, исто така, предвидува членовите на Комитетот да бидат избрани од властите што ги претставуваат или да бидат политички одговорни пред нив.

Во моментот распоредот на членовите по земји е следен:

ЗемјаЧленови
Франција24
Германија24
Италија24
Обединето Кралство24
Полска21
Шпанија21
Романија15
Австрија12
Белгија12
Бугарија12
Чешка12
Грција12
Унгарија12
Холандија12
Португалија12
Шведска12
Данска9
Финска9
Ирска9
Литванија9
Словачка9
Естонија7
Латвија7
Словенија7
Кипар6
Луксембург6
Малта5
🔥 Top keywords: