Жорж Дијамел

Жорж Дијамел (француски: Georges Duhamel, роден на 30 јуни 1884 во Париз - починал на 13 април 1966 во Валмонд) — француски писател.

Жорж Дијамел
Жорж Дијамел
Роден/а30 јуни 1884
Париз, Франција
Починат/а13 април 1966
Валмонд, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин

Биографија уреди

Жорж Дијамел, роден како Денис Тевенин, е роден на 30 јуни 1884 во Париз. Тој бил трето дете на по старост во семејството, кое било сиромашно и се борело да преживее поради својот нестабилен татко. Притисоците и тензиите на овие рани години се опишани во неговиот автобиографски роман „Le Notaire du Havre“ (1933).

И покрај големите кризи во семејството, младиот Жорж отсекогаш сакал да биде доктор, иако имал голема љубов кон литературата и уметноста. Така во 1906 било основано уметничка заедница, наречена „Абатство“, каде членувале поети, писатели, музичари и сликари. Од 1912 година, тој станал главен уредник на „Mercure de France“. Во 1937 година бил избран за член на Француската академија. Во 1938 година, поради антивоениот став на писателот, тој бил избркан од работа.

Кога Првата светска војна започнала, Жорж се запишал како хирург во армијата и таму бил четири години. По крајот на војната му била доделена наградата „Гонкур“. Откако се вратил во цивилниот живот, Дијамел се посветил на литературата и одбрана на човековата цивилизација.

Во 1935 година, Дијамел бил избран за член на Француската Академија. Помеѓу 1930 и 1940 година, тој присуствувал на многу конференции во Франција и во странство, говорејќи брилијантно за францускиот јазик и култура.

За време на Втората светска војна, работата Дијамел била забранета од страна на Германците. По војната бил беше именуван за претседател на Француската алијанса. Починал на 13 април 1966 година.

Дела уреди

Надворешни врски уреди

Викицитат има збирка цитати поврзани со:
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски парламентарни избори (2024)Македонски претседателски избори (2024)Специјална:БарајМакедонски парламентарни избори (2020)Гоце ДелчевГордана Силјановска-ДавковаИзборна единица 1Изборна единица 2Карлес ПуџдемонИзборни единици во МакедонијаЃурѓовденМакедонијаЕвровизија 2024Македонски претседателски избори (2009)ВелигденМакедонски претседателски избори (2019)Оче нашИзбори во МакедонијаКалендар на Велигденски датумиИзборна единица 5Изборна единица 3Македонски парламентарни избори (2016)МарковденИзборна единица 4Стево ПендаровскиМелница (Велешко)Изборна единица 6МочуриштеСвети ГеоргиСкопјеЛокални избори во Македонија (2021)Македонски претседателски избори (2014)Фарски ОстровиБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаМакедонски парламентарни избори (2014)УкраинаДржавни празници во Македонија