Жан-Пјер Папен

Жан-Пјер Папен (француски: Jean-Pierre Papin), (Булоњ-сир-Мер, 5 декември 1963) – поранешен француски фудбалер и тренер.

Жан-Пјер Папен
Jean-Pierre Papin
Папен во 2016
Лични податоци
Полно имеЖан-Пјер Папен
Роден на5 ноември 1963(1963-11-05)(60 г.)
Роден воБулоњ-сир-Мер, Франција
Висина1,76 m
Играчки податоци
Позицијанапаѓач
Младинска кариера
1983–1984Виши
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1984–1985Валенсјен33(15)
1985–1986Бриж31(20)
1986–1992Олимпик Марсеј215(134)
1992–1994Милан40(18)
1994–1996Бајерн27(3)
1996–1998Бордо55(22)
1998–1999Генган10(3)
1999–2001Сен Пјероаз27(13)
Total438(228)
Репрезентација
1986–1995Франција54(30)
Раководител на екипите
2004–2006Басен д’Аркашон
2006–2007Стразбур
2007–2008Ленс
2009–2010Шатору
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Клупска кариера уреди

Најголемите успеси ги постигнал играјќи за францускиот клуб Олимпик Марсеј од 1986 до 1992 година, со кој освоил едноподруго 4 француски првенства од 1989 до 1992 година, стигнал и до финалето на Купот на шампионите во 1991 година кое го изгубил од Црвена ѕвезда. Бил најдобар стрелец на француската лига 5 пати едноподруго од 1988 до 1992 година, што никој друг не го постигнал. Прогласен е за најдобар француски фудбалер во 1989 и 1991 година. Три години по ред бил најдобар стрелец на Купот на шампионите (во 1990, 1991 и 1992 година).

Подоцна играл за италијанскиот Милан и германскиот Бајерн и француските клубови Бордо и Генган, како и неколку нискорангирани клубови. Неговиот трансфер во Милан бил најголемиот дотогаш, изнесувал 10 милиони фунти. Со Милан ги освоил Лигата на шампиони во 1994 година, италијанското првенство во 1993 и 1994 година и италијанскиот Супер куп во 1992 година. Со Бајерн го освоил Купот на УЕФА во 1996 година.

Кратко време бил тренер на неколку француски клубови, а со 45 години повторно заиграл за нискорангиран француски клуб.

Репрезентативна кариера уреди

За француската репрезентација настапил 54 пати и постигнал 30 гола. Бил капитен на репрезентацијата во 1992 и 1993 година.

Награди и признанија уреди

Во 2004 година при одбележувањето на стогодишнината на ФИФА, бил на пописот на 100 најдобри фудбалери во историјата на фудбалот што направил Пеле.