Бранислав Ивановиќ

Поранешен српски фудбалер

Бранислав Ивановиќ (роден на 22 февруари 1984) е српски фудбалер и капитен на српската фудбалска репрезентација кој игра за рускиот Зенит од Санкт Петербург. Тој игра во дефанзивата и може да игра како десен бек и десен централен бек.Бранислав неговата кариера ја почна во Србија, играјќи за клубот Ремонт, ФК Срем и ОФК Београд. Потоа тој се преселил во Русија каде што играл за Локомотив Москва. После две поминати години во Москва тој се преселил во Челзи, каде што настапил девет сезони а тимот од Стемфорд Бриџ. Во јануари 2017 година, тој се вратил во Русија во тимот на Зенит. Тој играл за Србија на нивниот прв меѓународен турнир, Светското фудбалско првенство 2010.Ивановиќ бил избран за десен бек на сезоната за Премиер лигата во сезоната 2009-2010 кога Челзи ја освоил титулата во Премиер лигата и ФА Купот во 2010.

Бранислав Ивановиќ
Бранислав Ивановиќ со Зенит во 2017
Лични податоци
Полно имеБранислав Ивановиќ
Роден на22 февруари 1984(1984-02-22)(40 г.)
Роден воСремска Митровица, СФРЈ
Висина1.88м
Позицијаодбрана
Клупски податоци
Сегашен клубФК Зенит
Број60
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
2002–2003Срем19(2)
2003–2006ОФК Београд55(5)
2006–2008Локомотив Москва54(5)
2008– 2016Челзи261(22)
2017–ФК Зенит67(4)
Репрезентација
2003–2007Србија и Црна ГораСрбија 2138(4)
2005–СрбијаСрбија105(13)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23:00, 16 June 2012 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 22:00, 15 June 2012 (UTC)

Бранислав е роден во Сремска Митровица, а негови родители се Раде и Славица.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди