Век или столетие — временски период од сто последователни години. Во повеќето јазици, како во македонскиот, вековите се именуваат со редни броеви, како на пр. „деветти век н.е.“. Во Европа исклучок се скандинавските јазици, кои вековите ги изразуваат во стотини (на пр. „1900-тите“).

Почеток и крај во грегоријанскиот календар

уреди

Според грегоријанскиот календар, I век н.е. започнал на 1 јануари 1 г. и завршил на 31 декември 100. II век започнал во 101 г., III век во 201 г. итн. Формулата гласи дека n век започнува во 100×n - 99 година.

I век п.н.е. и н.е.

уреди

Не постои „нулти век“ помеѓу I век п.н.е. и I век н.е.. Затоа не постои ни 0 година н.е.[1]. јулијанскиот календар „прескокнува“ од 1 п.н.е. на 1 н.е. Првиот век п.н.е. го опфаќа периодот од 100 п.н.е. до 1 п.н.е.. Другите векови пред нашата ера ја следат истата шема.

Датирање во други календарски системи

уреди

Освен Грегоријанскиот, јулијанскиот календар и хинду календарот користат годишни циклуси за цели, округли временски периоди. Да речеме, хинду календарот користи циклуси од 60 години.

Вековите во астрономскиот систем

уреди

Астрономското броење на годините што го користат астрономите има и нулта година (0). Затоа првиот век во овој календар ги опфаќа годините 0 до 99, вториот 100 до 199 итн. Меѓутоа за 2000 г. да се смета за прва година од XXI век, астрономската 0 година мора да соодветствува на грегоријанската година 1 п.н.е.

Векот како тема во уметноста

уреди

Наводи

уреди
  1. Два други система кои немаат верска ориентација се астрономскиот систем и стандардот ISO 8601, и користат нулта година. 1 година п.н.е. е 0 г. во астроносмкиот систем, и 0000 г. во ISO 8601. Денес ISO 8601 датирањето бара употреба на грегоријанскиот календар за сите години, за разлика од астрономскиот систем и датирањето според наша ера, кои дозволуваат употреба на Јулијанснкиот календар за годините пред 1582 CE.
  2. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 250.
  3. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 234-235.

Белешки наводи

уреди
  • The Battle of the Centuries, Ruth Freitag, Владина печатарска служба на САД. Достапно во Superintendent of Documents, P.O. Box 371954, Pittsburgh, PA 15250- 7954. Рег. бр. 030-001-00153-9.

Поврзано

уреди
🔥 Top keywords: Главна страницаЕвропско првенство во фудбал 2024Специјална:БарајКарлес ПуџдемонГоран МинчевОче нашМакедонијаВесна БендевскаНикола ГруевскиЕвропско првенство во фудбал 2020Еразмо ОхридскиСкопјеКуниШкотскаВтора светска војнаГордана ЈанкулоскаСпецијална:СкорешниПромениСписок на змии во МакедонијаКочо РацинМочуриштеВесна ЈаневскаКурбан бајрамДржавни празници во МакедонијаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаХороскопски знациПоштенски броеви во МакедонијаКатегорија:Села во МакедонијаГерманијаКирил БарбареевПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)Список на повикувачки броеви на земјитеХристијан МицкоскиВознесение ХристовоДуховденМакедонска револуционерна организацијаСветско првенство во фудбалГрцијаМинистерство за животна средина и просторно планирање