Кулон (симб C, Кл) е изведена SI-единица за електричен набој, наречена по францускиот физичар Шарл Огистен де Кулон (1736 -1806). Се дефинира како полнежот што минува низ постојана струја од еден ампер за време од една секунда:

кулон
Мерен системизведена SI-единица
Единица заелектричен полнеж
ОзнакаC 
Именувана поШарл Огистен де Кулон
Претворање на единици
1 кулон во ...... е еднакво на ...
   основни SI-единици   1 A s
   СГС   2997924580 statC
   атомски единици   (6,24150965 ± (16))⋅1018 e[1]

Еден кулон е и одвишокот напон на позивитната страна на капацитетот од еден фарад со разлика на потенцијалот од еден волт:

Дефиниција уреди

Во системот SI, кулонот се дефинира според амперот и секундата: 1C = 1A × 1s.[2] Секундата се дефинира според честотата на природното зрачење на атомите на цезиумот.[3] Амперот се дефинира со Амперовиот закон за силата;[4] дефиницијата делумно се заснова на масата на меѓународниот еталон на килограмот, кој е метален цилиндар што е чува во Франција.[5] Во практика, за одредување на амперажата со најголема можна точност цел се користи ватажна вага.[5]

Претставки во SI уреди

Содржатели на единицата „кулон“ (C) во SI
ПомалиПоголеми
ВредностСимболНазивВредностСимболНазив
10−1 CdCдецикулон101 CdaCдекакулон
10−2 CcCцентикулон102 ChCхектокулон
10−3 CmCмиликулон103 CkCкилокулон
10−6 CµCмикрокулон106 CMCмегакулон
10−9 CnCнанокулон109 CGCгигакулон
10−12 CpCпикокулон1012 CTCтеракулон
10−15 CfCфемтокулон1015 CPCпетакулон
10−18 CaCатокулон1018 CECексакулон
10−21 CzC1021 CZCзетакулон
10−24 CyC1024 CYCјотакулон
Најзастапените содржатели се задебелени.

Претворање уреди

Однос со елементарниот полнеж уреди

Елементарниот полнеж (позитивниот набој на протонот или негативниот набој на електронот) изнесува прибл. (1,602176487 ± (40))⋅10-19 coulomb.[1] Во SI, елементарниот полнеж во кулони е приближна вредност: не постои опит кој може да даде апсолутна точност. Меѓутоа во другите системи, елементарниот полнеж има точно определена дефиниција, а другите полнежи се изразуваат во однос на него.[6] На пример, кај обичајните електротехнички единици, вредностите на Џозефсоновата константа KJ и фон Клицинговата константа RK се точно утврдени вредности (се запишуваат како KJ-90 и RK-90), и оттука следува дека елементарниот полнеж исто така има точно определена вредност во рамките на тој систем.[6] Поконкретно, изнесува точно .[6]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Mohr, Peter J.; Barry N., Taylor; David B., Newell (2008). „CODATA Recommended Values of the Fundamental Physical Constants: 2006“ (PDF). Rev. Mod. Phys. 80: 633–730. Bibcode:2008RvMP...80..633M. doi:10.1103/RevModPhys.80.633. Непосредна врска до вредноста. Обратната вредност (бројот на елементарни полнежи во 1 C) се добива со 1/[1,602176487(40)×10-19] = 6,24150965(16)×1018.
  2. „Брошура на SI, став 2.2.2“. МБТМ. (англиски)
  3. „Брошура на SI, став 2.2.1.3“. МБТМ.
  4. „Брошура на SI, став 2.2.1.4“. МБТМ.
  5. 5,0 5,1 „Ватажна вага“. МБТМ.
  6. 6,0 6,1 6,2 doi:10.1088/0026-1394/42/2/001
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
🔥 Top keywords: Македонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Главна страницаМакедонски парламентарни избори (2020)Македонски претседателски избори (2019)Гордана Силјановска-ДавковаСпецијална:БарајБилјана ВанковскаИзбори во МакедонијаБојан ЈовановскиСтево ПендаровскиЛокални избори во Македонија (2021)Јордан КамчевМаксим ДимитриевскиМакедонијаКарлес ПуџдемонАли АхметиИзборни единици во МакедонијаИзборна единица 1Арбен ТаравариИзборна единица 2Сашо ОрдановскиМочуриштеИзборна единица 5Македонски претседателски избори (2014)Александар КирацовскиОче нашМакедонски парламентарни избори (2016)Изборна единица 3Изборна единица 4Стевчо ЈакимовскиДржавни празници во МакедонијаПретседател на МакедонијаЛевица (политичка партија)Гоце ДелчевЗНАМБујар ОсманиПопис на населението во Македонија (2021)Балканска приказна (ТВ-серија)