Џанлујџи Буфон

италијански фудбалер

Џанлујџи Буфон (итал. Gianluigi Buffon, 28 јануари 1978 во Карара, Италија) — италијански фудбалер, голман, на Парма и поранешен репрезентативец на Италија.

Џанлујџи Буфон
Лични податоци
Роден на28 јануари 1978(1978-01-28)(46 г.)
Роден воКарара, Италија
ДржаваИталија Италија
Висина&100000000000001910000001,91 м
Позицијаголман
Клупски податоци
Сегашен клубПарма Парма
Број1
АгентИталија Силвано Мартина
Младинска кариера
Парма Парма
Кариера*
ГодиниКлубНаст.(Гол.)
1995–2001Парма Парма168(0)
2001–2018Јувентус Јувентус509(0)
2018–2019Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен17(0)
2019–2021Јувентус Јувентус17(0)
2021–Парма Парма0(0)
Репрезентација
1995-1997Италија Италија 2111(0)
1997-2018Италија Италија176(0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 28 октомври 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 13 ноември 2017

Својата кариера ја започнал во Парма за која дебитирал во 1995 година. Во 2001 година, кога Јувентус го купил од Парма за 48,5 милиони евра, Буфон станал најскап голман во светот, сè до трансферот на Алисон Бекер од Рома во Ливерпул во 2018.Најголемиот дел од својата кариера го поминал токму во Јувентус од 2001 до 2018 година, пред да се врати повторно во клубот во летото 2019 по една сезона во Париз Сен Жермен.

Кариера уреди

Почетоци уреди

Џанлујџи Буфон својата фудбалска кариера ја започнал во клубот Парма во 1995 година. Бил член на Италијанската олимписка репрезентација во 1996 на Олимписките игри во Атланта. Првиот професионален натпревар го одиграл во Серија А против Милан. По одличните настапи во дресот на Парма добил повик за настап во репрезентацијата, за да го замени одличниот Паљука во квалификациите за Светското првенство во фудбал во 1998 година против Русија во Москва. Бил повикан и на финалниот турнир за Светското првенство, но не одиграл ниту еден натпревар. Кога и помогнал на Италија во квалификациите за Европското првенство во 2000 година.

Јувентус уреди

Во 2001 преминал од Парма во Јувентус за 48,5 милиони евра, со што станал најскап голман во светот, а тој износ и до ден денеска не е надминат. Играл на Светското првентсво 2002 година.

Во 2003 година УЕФА го прогласил за најкорисен играч и најдобар голман.[1] Во 2004 година, Пеле го сместил помеѓу 125 најдобри играчи. Истата година настапил на Европското првенство во Португалија. На Светското првенство во 2006 година примил само 2 гола (еден автогол на Ѕакардо, а вториот од пенал од Зидан во финалето). Буфон го сочувал својот гол 453 минути, што го пласирал на петто место на несовладливи голмани на сите светски првенства. На тоа првенство Италија ја освоила титулата Светски првак. ФИФА повторно го прогласила за најдобар голман во 2006 година. Тој е рекордер меѓу голманите во Серија А, каде бил избран за Голман на годината 8 пати.

На 20 март 2016, во градското дерби против Торино, Буфон поставил нов рекорд во Серија А по бројот на минути без примен гол, надминувајќи го рекордот на некогашниот голман на Милан Себастијано Роси од 929 минути без примен гол во сезоната 1993-1994;[2] рекордот на Буфон изнесува 974 минути, а неговата серија од 10 натпревари без примен гол завршила во 48-мата минута кога тој бил совладан од напаѓачот на Торо Андреја Белоти од пенал за моментален резултат 1-2, но на крајот Јувентус победил со 1-4.[3]

На 13 ноември 2017 година Буфон го одиграл својот последен 175-ти меѓународен натпревар, во реванш двобојот од баражот за Светското првенство во фудбал 2018 против Шведска, на стадионот Сан Сиро во Милано. Натпреварот завршил со нерешен резултат 0-0, со што италијанците не успеале да го надоместат дефицитот од еден гол на шваѓаните од првиот натпревар и така не успеале да се квалификуваат на Светско првенство за првпат по 60 години. Во текот на натпреварот, Буфон исто така го изедначил и рекордот на Фабио Канаваро како играч со најмногу настапи за Италија како капитен. Веднаш по крајот на натпреварот, тој најавил повлекување од националниот дрес со рекордни 175 настапи во него.

Париз Сен-Жермен уреди

На 6 јули 2018 година, Буфон потпишал едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година со францускиот Париз Сен Жермен.[4][5]

Враќање во Јувентус уреди

На 4 јули 2019, после една сезона во Франција Буфон се вратил во Јувентус, потпишувајќи договор до 30 јуни 2020.[6]

Титули уреди

Клупски уреди

Парма уреди

1998-1999
1998-1999
1999

Јувентус уреди

2001-2002, 2002–2003, 2011–2012, 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2019-2020
2006-2007
2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2020-2021
2002, 2003, 2012, 2013, 2015, 2020

Париз Сен Жермен уреди

2018-2019
2018

Репрезентативни уреди

Италија уреди

2006

Наводи уреди

  1. „UEFA Club Football Awards“. http://www.uefa.org. Посетено на 10 February 2015. Надворешна врска во |website= (help)
  2. Buffon establishes new recored of 974 minutes without conceding a goal
  3. Buffon sets record as Juve win again, Higuain boosts Napoli
  4. „OFFICIAL: PSG sign Buffon“. Football Italia. 6 July 2018.
  5. „Gianluigi Buffon: Paris St-Germain complete signing of Juventus legend“. BBC Sport (англиски). 2018-07-06. Посетено на 2018-07-06.
  6. „Welcome home, Gigi!“. juventus.com. 4 July 2019.

Надворешни врски уреди

Спортски позиции
Претходник
Алесандро Дел Пјеро

Капитен на Јувентус

2012–2018
Наследник
Џорџо Кјелини
Претходник
Фабио Канаваро
Капитен на Италија
2010–2017
Наследник
Џорџо Кјелини
🔥 Top keywords: Македонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Главна страницаМакедонски парламентарни избори (2020)Македонски претседателски избори (2019)Гордана Силјановска-ДавковаСпецијална:БарајБилјана ВанковскаИзбори во МакедонијаБојан ЈовановскиСтево ПендаровскиЛокални избори во Македонија (2021)Јордан КамчевМаксим ДимитриевскиМакедонијаКарлес ПуџдемонАли АхметиИзборни единици во МакедонијаИзборна единица 1Арбен ТаравариИзборна единица 2Сашо ОрдановскиМочуриштеИзборна единица 5Македонски претседателски избори (2014)Александар КирацовскиОче нашМакедонски парламентарни избори (2016)Изборна единица 3Изборна единица 4Стевчо ЈакимовскиДржавни празници во МакедонијаПретседател на МакедонијаЛевица (политичка партија)Гоце ДелчевЗНАМБујар ОсманиПопис на населението во Македонија (2021)Балканска приказна (ТВ-серија)