Ѕид — вертикална градба која може да биде самостојна или дел од поголем објект и која служи за потпора, заштита, засолниште или за определба на граници. Кога е дел од куќа служи за да го разделува просторот на одделни соби, а понекогаш ги носи останатите делови на куќата. Во случај на отворен простор игра улога на ограда.[1] Постојат неколку вида ѕидови: носечки, преградни, оградни и потпорни.

Ѕид од тули
Изложена ѕидна структура на запустена куќа во с. Гари, Западна Македонија

Кај градежните објекти, главната улога на ѕидот е да го носи покривот и таванот. Денес ваквите ѕидови имаат посложен состав, бидејќи содржат изолација, арматура, и можат да бидат обложени со друг слој како гипскартон или ламперија. Покрај ова, во нив се вметнуваат инфраструктурни елементи како електрична инсталација и водовод. На ѕидовите се поставуваат приклучоци, прекинувачи, разводници, чешми, се бесат слики, телевизори итн.

Внатрешните ѕидови можат да бидат уметничко дело, како што е случај со фрескописот и релјефот во верските објекти, мозаик и мурали.

Носечки ѕидови уреди

Носечките ѕидови претставуваат потпора за сето она што стои врз нив, како тавански конструкции, катови и покриви. Како такви, тие се подебели и често се надворешни. Надворешните ѕидови на една градба честопати се фасадираат, варосуваат, или пак се оставаат поради сопствената естетска вредност, како кај оние направени од камен и тули.

Преградни ѕидови уреди

Бедем и шанец на Скопското кале

Преградните ѕидови можат да бидат внатрешни и надворешни. Внатрешните служат за одделување на просторот и обично не се носечки (врз нив не се потпира тежина на други надредни елементи). На овие ѕидови се ставаат инсталации, се бесат украсни елементи и се ставаат тапети бидејќи претставуваат непосредна околина во домот или работното место.

Постоајт други видови на прегради во просториите кои не се ѕидани. Некои од нив се подвижни, а некои се прицврстени во самата конструкција. гипскартонски ѕидови, стаклените ѕидови со или без врати, дрвени паравани, армоники и сл.

Постојат големи и долги преградни ѕидови со посебна улога да ги бележат границите на цели држави или региони и да спречат недозволен премин на луѓе и стоки. Покрај заштитната улога, овие ѕидови претставуваат и политички симбол: непријателство на две држави, проблематичноста на регионот и судири на населението, посебноста на два различни система и меѓусебното немешање и слични проблеми. Познат пример за вакова преграда е Берлинскиот ѕид, кој сè до 1989 г. ја двоел комунистичка Источна Германија од капиталистичка Западна Германија.

Оградни ѕидови уреди

Оградните ѕидови се самостојни (не носат дел од градба) и служат како ограда за заштита или обележување на даден отворен простор. Често се направени од камен, кој може да биде необработен или делкан. Необработениот почесто се среќава на селските меѓи, кои имаат улога да означат имот и да спречат бегство на домашните животни. Тука структурната и естетската вредност се на второ место, и затоа честопати воопшто не се изѕидани со врзивен материјал.

Друг вид на оградни ѕидови се одбранбените ѕидови (бедеми) кои имаат воена улога на тврдина околу некој комплекс, манастир или цел град. Во состав на ваквите ѕидови среќаваме кули, градобрани, отвори за стрелци и артилерија. Напати се обиколени со шанец како дополнителна заштита од опсада. Бедемите се мошне дебели и направени од поголеми камени блокови предвидени да издржат напади.

Потпорни ѕидови уреди

Потпорен ѕид крај улица

Потпорниот ѕид е посебен вид на ѕид што може да сочинува дел од некоја градба или да биде сосема независен. Се гради на наклонето земјиште, каде постои опасност од одрони и пролизгување, а со тоа и уништување на изградените објекти и земјоделското земјиште. Потпорните ѕидови често се среќаваат кај улици и патишта што минуваат по стрмнини.

Ѕидот како тема во уметноста и популарната култура уреди

Изрази[14] уреди

  • Турка ѕид со глава / удира ѕид со глава - се обидува да постигне нешто невозможно.
  • Затворен е во четири ѕида - не доаѓа во контакт со никого, живее повлечено.
  • Ѕид ги дели - соседи се.
  • Жив ѕид - низа, редица луѓе како пречка, како преграда.
  • Кинески ѕид - несовладлива преграда за какви било врски, изолираност од надворешни влијанија.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. ѕидДигитален речник на македонскиот јазик
  2. Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 141-147.
  3. Dragan Velikić, Islednik, peto izdanje. Beograd: Laguna, 2016, стр. 269.
  4. Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 34-35.
  5. Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 37-38.
  6. Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 63.
  7. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 191.
  8. DISCOGS, David Bowie ‎– Low (пристапено на 22.4.2020)
  9. Discogs, Dead Kennedys ‎– Bedtime For Democracy (пристапено на 20.5.2020)
  10. Discogs, Echo And The Bunnymen* ‎– Heaven Up Here (пристапено на 26.3.2021)
  11. DISCOGS, The Electric Soft Parade ‎– Holes In The Wall (пристапено на 1.10.2021)
  12. DISCOGS, Pink Floyd ‎– The Wall (пристапено на 22.4.2020)
  13. Discogs, Johnny Cash ‎– At Folsom Prison (пристапено на 21.2.2020)
  14. „ѕид“Дигитален речник на македонскиот јазик
🔥 Top keywords: Македонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Главна страницаМакедонски парламентарни избори (2020)Македонски претседателски избори (2019)Гордана Силјановска-ДавковаСпецијална:БарајБилјана ВанковскаИзбори во МакедонијаБојан ЈовановскиСтево ПендаровскиЛокални избори во Македонија (2021)Јордан КамчевМаксим ДимитриевскиМакедонијаКарлес ПуџдемонАли АхметиИзборни единици во МакедонијаИзборна единица 1Арбен ТаравариИзборна единица 2Сашо ОрдановскиМочуриштеИзборна единица 5Македонски претседателски избори (2014)Александар КирацовскиОче нашМакедонски парламентарни избори (2016)Изборна единица 3Изборна единица 4Стевчо ЈакимовскиДржавни празници во МакедонијаПретседател на МакедонијаЛевица (политичка партија)Гоце ДелчевЗНАМБујар ОсманиПопис на населението во Македонија (2021)Балканска приказна (ТВ-серија)